Салах беше во офсајд, дали ВАР ќе го поништеше голот? (ФОТО)

by
1 минути читање

Најсилното првенство на Англија за
оваа сезона реши да не користи ВАР, па бевме сведоци на неколку контроверзни моменти. Оние кои се по теориите на заговор сметаат дека Премиерлигата го
форсира Ливерпул да стане шампион откако на мечевите на „црвените“ се случија
неколку големи судиски превиди.

Спорна ситуација имаше и вечерва, на зачетокот од акцијата по која падна голот
на Кеита за 1-1, Мохамед Салах беше во офсајд.

Па навивачите на ривалите, особено оние на Манчестер Сити, веднаш го искажаа своето незадоволство на социјалните мрежи. Сепак, презентерот на Скај Спортс, Кели Кејтс вели дека и да имало ВАР, голот немал
да биде поништен.

„Кога ни објаснуваа како ќе функционира ВАР од следната сезона, видео технологијата немаше да го поништи овој гол бидејќи одбраната на Саутемптон имаше неколку прилики да ја
расчисти топката“
– вели Кејтс.

Тој во својата
анализа на полувремето од мечот на „Сент Мерис“ посочи дека нафрлената топка која ја испрати Салах не
придонесе директно за голот, па затоа ВАР немал да интервенира. По центаршутот
на Египјанецот, следуваше уште една уфрлена топка која исто така не
донесе промена на резултатот. Тури од третиот обид, кога Александер Арнолд ја
врати топката во петте метри падна голот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×