Вардар забележа нов убедлив пораз пред своја публика во
Лига Европа, овој пат од Реал Сосиедад со 0-6 во третото коло од групата „Л“.
По крајот на мечот, стратегот од клупата на гостите,
Еузебио Сакристан издвои дека не играл Вардар толку лошо, колку што неговиот
тим бил перфектен, а додаде и дека му се допаднало нешто во играта на
македонскиот првак.
„Му пристапивме сериозно на овој натпревар, не го
потценивме противникот, дадовме се’ од себе и победивме. Она што ми се допадна најмногу
кај противникот е тоа што го задржа стилот на играта до крајот на средбата, не
играше Вардар лошо, ние бевме тие кои одиграа одлично. Вардар не е лош тим,
имаат добар состав“ изјави по крајот на мечот Сакристан.
Македонскиот претставник токму против Реал Сосиедад, овој
пат на гостински терен на 2 ноември во четвртото коло ќе се бори за први бодови
во дебитантската сезона од второто по ранг европско клупско натпреварување.