Реал Сосиедад ќе влезе како огромен фаворит на утрешниот натпревар против Вардар и ќе атакува на трите бода кои можат да значат и пласман во следната фаза за нив.
„Победивме убедливо во Скопје, но мораме да го почитуваме противникот. Потребни ни се овие три бода за да се пласираме во нокаут фазата од Лига Европа“ – вели Сакристан.
„Добро се подготвивме за овој натпревар, веруваме дека сме подобри од Вардар, но мора да имаме почит за проитвникот. Ќе ја играме нашата игра и не смееме да дозволиме да не изненадат“.
Шпанските медиуми претпоставуваат дека Сакристан ќе одмори дел од своите клучни играчи за утрешнитот меч, но тој не сакаше да зборува околу составот.
Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се игра утре (четврток) со почеток од 21:05.