Шаќири: Англија е над сите, мојата цел е да се вратам таму како тренер

by
1 минути читање

Артим Шаќири две години го носеше дресот на Вест Бримвич Албион и од прва рака ја почувствува магичната атмосфера на стадионите во Англија.

„Ниту една лига во светот не може да се спореди со Премиерлигата, луѓето во Англија живеат за фудбалот, работат преку цела недела, а кога ќе дојде денот на натпреварот тој е неработен за нив, комплетно му се посветуваат на тимот, без разлика во која лига играат“ – вели Артим Шаќири во емисијатата „Патот до успехот“ на ТВ 24.

„Сега имам желба да се вратам во Англија како тренер, се борам да се случи тоа, таму било кој клуб во било која лига да го водиш е нешто посебно. Нормално, не може да се залетуваме ние од Македонија дека можеме да водиме голем клуб како Манчестер јунајтед“.

„Јас никогаш не сум се предавал како играч, никогаш нема да се предадам и како тренер, си ги знам можностите и мислам дека можам да направам многу повеќе. Во Англија нема голема разлика помеѓу клубовите кога условите се во прашање, се ви е сервирано, вие треба само да работите“.

По завршувањето на играчката кариера, Шаќири две години беше тренер на Шкендија, а една година беше на кормилото на Кукеши во Албанија каде беше прогласен и за најдобар тренер. Во моментов е без ангажман иако имало шанси да преземе клуб од шпанската втора лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани