Сакате да видите како изгледа кога Роналдо си додава со Трамп? ВИ ни ја даде таа можност (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради настап на терен, туку поради видео кое стана хит на социјалните мрежи. Доналд Трамп објави снимка создадена со помош на вештачка интелигенција на која тој и португалската ѕвезда играат фудбал во Белата куќа.

Видеото веднаш предизвика огромен интерес и за кратко време го преплави интернет просторот.

На него е прикажана целосно нереална, но внимателно изработена сцена во која Трамп трча по топка покрај Роналдо, додека позадината е претворена во импровизирано игралиште во претседателската резиденција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×