Сагата заврши: Барселона ја потврди веста која ја чекаа навивачите!

by Стефан
1 минути читање

Од редовите на Барселона и официјално потврдија дека Дани Олмо и Пау Виктор се регистрирани за вториот дел од сезоната.

Двајцата фудбалери сега имаат право за настап и во финалето од Суперкупот кое каталонскиот гигант ќе го игра на 12 јануари против Реал Мадрид.

Неколку недели Барселона имаше проблеми со регистрацијата на Олмо и Виктор, а на крајот успеа да ја добие битката.

Шпанските медиуми најавуваат дека иако имаат право за настап од првата минута, сепак двајцата финалето ќе го започнат од клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани