Сафонов е херој на ПСЖ, фати четири пенали за трофеј во Интерконтиненталниот куп! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

ПСЖ го освои трофејот на ФИФА Интерконтиненталниот куп по драматична победа над Фламенго на пенали со 2-1.

Натпреварот одигран на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан заврши без победник во регуларниот дел и по продолженијата со резултат 1-1, иако парижани имаа поголема иницијатива.

Францускиот шампион поведе во првото полувреме преку Квича Кварацкелија, додека Фламенго израмни во 62. минута од пенал кој го реализираше Жоржињо. До крајот ПСЖ создаде повеќе прилики, но без завршница.

Во пенал серијата клучна улога имаше Матвеј Сафонов, кој одбрани неколку удари и му донесе трофеј на ПСЖ, потврдувајќи ја доминацијата на тимот во овој финален дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×