Садио Мане со моќна порака им даде поддршка на Сенегалците пред мечот со Холандија

by
9 минути читање

Мане се повреди во претпоследниот меч на Баерн Минхен пред паузата за Светското првенство, Сенегалците се молеа тој да се опорави навреме за Мундијалот, но тоа не се случи. 

Во пресрет на мечот со Холандија, Мане им се заблагодари на сите за поддршката која ја доби и искажа верба во своите соиграчи од националниот тим дека ќе имаат добро Светско првенство.

„Добровечер на сите, многу од вас ми пративте пораки со поддршка по мојата повреда. Благодарение на Бог, операцијата која ја имав на средина од неделата помина добро. Сакам да ја искористам оваа можност да се заблагодарам и да ја искажам мојата почит кон сите вас. Овој понеделник, нашата мила земја ќе се натпреварува на Светското првенство, Катар 2022. Сигурен сум дека лавовите на секој натпревар ќе влезат како тоа да е вистинско финале. Исто така сум уверен дека сите Сенегалци ќе бидат пред малите екрани да го поддржат и да го бодрат нашиот храбар национален тим. Јас сум уверен дека моите соиграчи ќе се борат како еден, како што се навикнати да го прават тоа во чест на нашиот драг Сенегал. Да живее Сенегал“, напиша Садио Мане.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани