Популарните
„лавови“ доживеаја пех пред Светското првенство откако им се повреди
најголемата ѕвезда, Садио Мане.
Во прв момент
беше објавено дека напаѓачот на Баерн Минхен ќе го пропушти мундијалот во
Катар, но вчера пристигна информација дека тој ќе добие повик, а Сенегал ќе
стори се за Садио Мане да игра, ќе помагаат и врачеви.
Селекторот Алиу
Сисе утрово го објави списокот со 26-те фудбалери и на него се најде Садио Мане, заедно со уште
неколку ѕвезди како Едуард Менди и Калиду Кулибали од Челси, Гана Геј од Евертон и Исмаила Сар од
Вотфорд.
Сепак нејасно е
колку тој ќе може да игра и да им помогне на своите соиграчи, првиот натпревар е
против Холандија на 21. декември.
national Aliou Cissé pour disputer la Coupe du monde 2022. #FIFAWorldCup | #MankoWutiNdamli pic.twitter.com/EbwBPlpI7i
— FSF (@Fsfofficielle) November 11, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.