678
Американките доминантно стигнаа до златниот медал на Светското фудбалско првенство за жени кое се одржа во Франција.
Беа подобри од селекцијата на Холандија во текот на целиот меч и заслужено дојдоа до трофејот. Финалето се играше во Лион пред 57.000 гледачи.
Лалињата се држеа се до 61. минута кога Меган Рапино погоди од пенал за водство на САД од 1-0, а неколку минути подоцна победата ја завери Роуз Лавел која ги постави конечните 2-0.
САД по четврти пат е светски шампион во женски фудбал, претходно беше на врвот на светот во 1991, 1999 и 2015.
На шампионатот во Франција, Американките постигнаа дури 26 голови, најмногу на едно светско првенство.