Сè за трансфер во Милан, младата ѕвезда на Аталанта ќе штрајкува!

by
2 минути читање

23 годишниот десен бек имаше одлична сезона во Бергамо, па го привлече
вниманието на најголемите клубов од Италија.

Но за Андреа Конти има само една дестинација, младиот Италијанец сака да се
пресели на Сан Сиро и веќе се договори со Милан.

Проблем преставува тоа што „Росонерите“ не можат да пронајдат заеднички
јазик со Аталанта, а за услугите на Андреа Конти пристигна и богата понуда од
друг клуб.

„Момчето донесе
одлука, го сака само Милан
– вели агентот на деснито бек, Марио Џуфреди.

„Па Аталанта мора
да разбере дека нема друга опција освен да седне на маса со Милан
.

„Аталанта не
извести дека добила богата понуда од друг клуб, но ние донесовме одлука и нема
да го промениме ставот
.

„Конти сака да
игра за Милан, па нема да преговараме со други екипи
.

„Андра нема да се
врати во Бергамо, нема да ги започне подготовките за новата сезона со Аталанта
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани