Сѐ се договорено, Мурињо е во Лисабон – денеска потпишува за Бенфика!

by riste
1 минути читање

Сите детали се договорени, постигната е согласност меѓу двете страни, во текот на денот Бенфика и официјално треба да го потврди назначувањето на Мурињо за нов тренер.

Се работи за двегодишен договор со опција за уште една дополнителна сезона.

Мурињо синоќа беше во Лисабон со шал на Бенфика и одговараше на новинарски прашања.

„Кој тренер ќе ѝ каже не на Бенфика? Јас не можам“, рече Мурињо по пристигнувањето во Лисабон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×