Рутинска вечер за Тотенхем, „Спарси“ одново се на +5 во однос на Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Спарси“ се еден чекор поблиску до топ четири финиш и настап во Лигата на шампионите. Избраниците на Покетино вечерва со 2-0 пред своите фанови стигнаа до победа над Ватфорд.

Резултатот беше отворен во 16. минута, гостинскиот голман ја испушти топката од раце, а Ериксен му асистираше на Али за 1-0. Ватфорд потоа имаше неколку шанси да го изненади противникот, но Лорис беше на висината на задачата и ја сочува мрежата.

Сите дилеми околу победникот беа решени на старот на вториот дел кога Кејн погоди од пет метри за 2-0. Со овој триумф, Тотенхем има +5 во однос на Челси на три кола до крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×