Рутина на Рома против Монца во Серија А (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома на Клаудио Раниери игра во одлична форма, а тоа го покажа и вечерва против Монца со победата од 4-0 (2-0) во 26. коло на Серија А.

„Волчицата“ успеа да ги израдува своите навивачи на „Олимпико“ со рутинска победа, за продолжување на добрата форма во калчото. Рома добро котира и ќе се бори за европските места во следната сезона.

Уште во првото полувреме домашната екипа во Рим стигна до двојна предност со головите на Алексис Салемакерс во 10. и Елдор Шомуродов во 32. минута.

По мирниот старт на вториот дел, во завршницата Рома стигна до уште два погодоци преку Анхелињо и Брајан Кристанте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани