Рутина на ПСЖ во дербито против Марсеј! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на ПСЖ забележа победа во дербито на 26. коло во Лига 1 против Олимпик Марсеј од 3-1.

Иако овој дуел имаше назив дерби, домаќинот на „Паркот на принцовите“ рутински стигна до трите бода. Парижани играат перфектна сезона и со одлични партии чекорат кон нова титула во Франција.

Резултатот го отвори најдобриот играч на тимот Осман Дембеле со гол за 1-0 во 17. минута од средбата. До полувремето на 2-0 зголеми бекот Нуно Мендеш.

Успеа Марсеј да се врати во игра со погодокот на Амин Гури на стартот на второто полувреме. Сепак, во 76. минута Пол Лирола си даде автогол и ПСЖ зачекори кон победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани