Динамо Загреб минатата сезона првпат по 2017 година ја загуби титулата, тоа беше огромен неуспех со оглед на буџетот кој го има во однос на остатокот од лигата.
Таквиот резултат предизвика голема чистка, над 15 играчи го напуштија клубот, а некои од нив беа и легенди на Динамо.
Особено тоа се однесува на таканаречената „пушачка соба“, која беше обвинета за лошите резултати. „Пушачката соба“ се однесува на групата играчи како Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Стефан Ристовски и некои други повозрасни фудбалери. Според многумина, тие играле голема улога во соблекувалната, а некои одат дотаму што велат дека всушност тие управувале со соблекувалната и ги менувале тренерите.
Сандро Перковиќ, последниот од четирите тренери на Динамо минатата сезона, беше гостин на Подкаст Инкубатор каде што зборуваше за минатата сезона. Меѓу другото, тој се осврна и на „Пушачката соба“, која ја бранеше од критики.
„Соработката со Петковиќ, Адеми, Мишиќ, Ристовски… да не ги спомнувам сите, беше најдобра што е можно. Тие беа од голема помош, никогаш немав проблем со нив. Моето мислење е дека ‘Пушачката соба’ не беше проблемот, туку решение“, рече Перковиќ.
Ваквата изјава на на Перковиќ добро му дојде на Ристовски кој не чекаше многу за преку социјалните мрежи да го каже своето мислење.
„(Стариот) извршен одбор на апарати“, проследено со среден прст за неговите членови.

Македонскиот интернационалец е лут на оние кои го нагласија влијанието на „Пушачката соба“. Патем, Динамо го промени составот на највисокото раководство на клубот по изборите во септември, но, таму, всушност, сè уште има претежно истите луѓе.
Ристовски, како и Адеми, летоска бесплатно си замина од Динамо. Се пресели во Сараево каде веќе одигра 18 меча во сите натпреварувања и постигна еден гол, а Сараево моментално е трето, со 14 бода зад првопласираниот Борац.