Рускиот напаѓач Захар Тарасенко потпиша за Пелистер

by riste
1 минути читање

ФК Пелистер денеска го промовираше Русинот Захар Тарасенко како ново засилување за битолскиот тим.

27-годишниот фудбалер пристигнува од ерменското првенство, од тимот на Вест Арменија за која даде 15 голови на 46 одиграни натпревари.

Тарасенко игра на позицијата лево крило, но по потреба настапува и како класичен напаѓач.

Во Битола се очекуваат уште неколку засилувања кои треба да го направат тимот поконкурентен за вториот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани