Руските клубови и понатаму се под санкции, но тоа очигледно не ги спречува да вложуваат големи пари во засилувања.
Последниот во низата клубови кој оваа зима ќе ги засили редовите на Зенит е 24-годишниот Луис Енрике.
Клубот од Санк Петербург постигна договор со крилниот напаѓач на новиот шампион на Јужна Америка, а Ботофаго од трансферот ќе заработи сума од 35 милиони евра што значи ќе оствари директен профит од 19 милиони евра зимајќи предвид дека пристигна пред една година од Бетис за 16.
Ботофаго во текот на јануари одби понуда од Фиорентина во висина од 20 милиони евра и беше јасно дека
Италијаните нема да можат да се натпреваруваат со шампионот на Русија, па Ботофаго ќе ја оствари најголемата продажба во историјата на клубот.