Русија суспендирана за СП 2022

by
1 минути читање

Русија доби суспензија
од Светската Анти-Допинг агенција (ВАДА) за учество на сите големи спортски
настани за следните четири години, тоа освен што го вклучува учеството на
Олимписките игри во Токио идната година, казната се однесува и на фудбалски
план.

„Зборнаја“ нема право
на учество ниту на Светското фудбалско првенство кое во 2022. година предвидено
е да се одржи во Катар, а драконската казна доаѓа по допинг скандалот во Русија
кој „ВАДА“ објави извештај пред четири години, во кој се тврдеше дека властите
во Русија криеле над 600 позитивни тестови.

Тоа што е барем
блага допустливост, е дозволата Руски спортисти да учествуваат на Летните
олимписки игри идната година, но, единствено под неутрално знаме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×