Русија со победа го почна Купот на Конфедерациите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска стартуваше и Купот на Конфедерациите кои традиционално се одржува кај домаќинот на идното Светско првенство, во овој случај Русија.

Русите играа против Нов Зеланд во првиот натпревар од Групата А. Русите беа фаворити и тоа го покажаа и на теренот.

Иницијативата ја искористија во 31. минута кога поведоа со 1-0, топката од стативата го удри играчот на Нов Зеланд, Мајкл Боксал и заврши во мрежата.

Сите дилеми околу победникот ги реши Федор Смолов со гол на 20 минути пред крајот на натпреварот.

Утре на програмата се дуелите помеѓу Португалија и Мексико како и мечот Камерун – Чиле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани