Вејн Руни закажа
пресметка со неговиот поранешен, а воедно и долгогодишен клуб Манчестер
јунајтед откако му помогна на Дерби да обезбеди победа од 4-2 во дуелот со
Нортемптон, во рамките на реванш пресметката од четвртата рунда натпревари во „ФА
Купот“.
Откако во првиот
меч обете екипи ремизираа без погодоци, фаворитот успеа на домашен терен во
целост да ја оправда фаворитската улога, а точка на сета надеж кај гостите
стави токму Вејн Руни, кој во 77. минута погоди од белата точка.
Wayne Rooney back scoring in the
pic.twitter.com/MfmmGj9Mmw
Дерби ќе ги одмери силите
со Манчестер јунајтед во петтата рунда од „ФА Купот“, а тоа значи и дуел на Руни со неговиот поранешен клуб, откако 34 годишниот фудбалер цели 13 години го носеше
дресот на „Црвените ѓаволи“, постигнувајќи 183 погодоци на 393 натпревари.
Дерби пред своја публика го игра мечот против Манчестер јунајтед на 5 март.