Руни во првите слободни денови откако се повлече од репрезентацијата заврши во притвор!

by
1 минути читање

Вејн Руни
минатата недела се повлече од репрезентацијата на Англија, па место да патува
со „Трите Лава“ на Малта за квалификациски натпревар за мундијалот во Русија,
напаѓачот сега има слободно време.

Тој вчера вечерта
решил малку да се опушти со пријателите, и според медиумите од „Островото“
напаѓачот се забавувал во барот Бабл Рум до раните утрински часови.

На пат кон дома,
Вејн Руни бил сопрен од полиција и приведен под сомнение дека возле во
алкохолизирана состојба.

Инспектори потоа
го испрашувале фудбалерот на Евертон во полициска станица.

Вејн Руни и
„Карамелите“ се немаат огласено, а за целиот инцидент коментар не даваат ниту
полицијата од Чешир ниту пак луѓе од барот Бабл Рум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани