Руни удри по Јунајтед: Исчезна душата на клубот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, смета дека на клубот му се потребни големи промени и призна дека повеќе не го препознава тимот во кој ги мина најубавите години од кариерата.

Едноставно не знам што се случува. Се обидов да бидам менаџер и не успеав. Рубен Аморим е на мои години, сè уште е млад тренер и сигурен сум дека има голема иднина. Но ова што се случува во Манчестер Јунајтед, ова не е Манчестер Јунајтед. Навистина се надевам дека може да ги сврти работите, но ако ме прашате дали верувам дека ќе го стори тоа, тогаш, по сè што видов, искрено немам доверба.

Душата е исчезната од клубот. Ни треба нов мотор, нов живот. Ни треба некаков поттик за повторно да го започнеме тој клуб“, изјави Руни.

Јунајтед моментално се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со само седум бода, а последната титула во шампионатот ја освоија пред 12 години, токму во времето кога Руни беше лидер на тимот од „Олд Трафорд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×