Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни нема добро мислење за навивачот кој е хит со косата која не ја шиша додека тимот не победи на пет меча по ред во Премиер лигата.
Пред вчерашниот меч против Вест Хем, Јунајтед првпат имаше врзано четири победи, па навивачот беше во центарот на вниманието.
Руни нема позитивно мислење за навивачот и целата фама која се крева околу него.
„Ако мене ме прашаа да му ја средам фризурата на овој тип, ќе го пратев на другиот крај од државата, ми оди на нерви. Зборуваме за Керик и Манчестер јунајтед, кои бркаат петта победа по ред, а целата приказна се врти околу тоа дали овој си ја скратил косата. Се обложувам дека ќе беше разочаран ако Јунајтед стигнеше до петтата победа, затоа што во тој момент одеднаш ќе стане неважен“, кажа Руни.