Руни со порака до Грилиш: „Може да си закаже летен одмор, бидејќи на СП – нема да оди!“

by 24 фудбал
1 минути читање

Некогашниот англиски репрезентативец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед Вејн Руни во својот подкаст Wayne Rooney Show даде интересен коментар за Џек Грилиш. Офанзивецот на Манчестер Сити, кој моментално игра како позајмен фудбалер во Евертон, според Руни нема да биде дел од составот на Англија за Светското првенство и покрај тоа што има 39 настапи и 4 гола за репрезентацијата.

Руни беше брутално директен во својата проценка и изјави: „Може слободно да букира летување, бидејќи нема да биде во тимот на Англија за Светското првенство“.

Грилиш има 30 години и повеќе од една година не добил повик за националниот тим, што дополнително ја нарушува неговата позиција кај селекторот. Оваа сезона тој во дресот на Евертон има 4 асистенции и 1 гол, но клубот се мачи во Премиерлигата и по 11 кола се наоѓа на 13 место. Неговата ситуација во Манчестер Сити одамна не е стабилна. Пристигна од Астон Вила за огромни 117 милиони евра, но никогаш не успеа целосно да ја оправда вложената сума. Денеска Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 28 милиони евра, што е драстичен пад во однос на времето кога се пресели на Етихад.

Сити ова лето реши да го испрати на позајмица, а Грилиш би требало да се врати по крајот на сезоната. Но, според најавите на Руни, тешко дека тоа ќе му помогне во борбата за место во репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×