Руни се враќа во Евертон?

by
1 минути читање

„Индепендент“ дознава од извори блиски до Манчестер јунајтед, дека Вејн Руни би можел да се врати во Евертон во летниот преоден рок.

Манчестер јунајтед ќе го пушти Руни да замине како слободен играч, па така Евертон ќе може да му понуди неделна плата од 150.000 фунти.

Руни не е дел од стартниот тим на Јунајтед, многу почесто е на клупата отколку на теренот, па сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

На адреса на Руни пристигнуваат и понуди од Кина, но тој сака да остане во Англија, да игра фудбал на највисоко ниво, како би бил подготвен за настап со Англија на СП 2018 во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани