Руни се надмина самиот себе, во казино за два часа загубил половина милион фунти!

by
1 минути читање

Според пишувањата на Сан, Вејн Руни решил да си ја проба среќата по
победата на Манчестер јунајтед над Ростов во Лига Европа, натпревар кој се
одигра на 16. март.

Напаѓачот пристигнал во казинотo Манчестер 235 околу полноќ и си заминал во
два часот наутро.

Сведоци велат дека Вејн Руни играл рулет и блекџек и изгубил околу 500.000
фунти за само два часа.

„Губеше илјадници фунти на секоја минута, и стотици илјади на секој час.
Тоа се неверојатни суми“
– вели еден сведок.

„Играше рулет и вложуваше на црвено“.

Ова не е прв пат Англичанецот да се коцка, тој и претходно во кариерата
имаше неколку вакви испади, а лошиот порок влече корени од неговите тинејџерски
денови кога беше дел од Евертон.

Во автобиографската книга, Вејн Руни откри дека неговата сопруга била бесна
кога загубил 50.000 фунти во казино.

Во 2008, играчот изгуби 65.000 фунти за два часа во казинот Манчестер 235.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани