Руни по стапките на Тевез, напаѓачот стана градинар

by
1 минути читање

Минатиот месец,
ѕвездата на Евертон и Англија заврши во полициска станица под сомнение дека
возел во алкохолизирана состојба.

Вејн Руни во себе
имал три пати поголемо количество алкохол од дозволеното, па му беше одземена
дозволата на 24 месеци, а доби и казна од една година општествено корисна
рабтоа, односно 100 неплатени часа.

Медиумите од
„Островото“ велат дека напаѓачот веќе почнал да ја одработва оваа казна, тој
вчера беше фотографиран како пристигнува во еден расадник во близина на
неговиот дом, истото место каде и Карлос Тевез пред неколку години одработуваше
слична казна.

Едно од
задолженијата е да биде градинар, а извор близок до расадникот за Мирор вели: „Не
му пречи да ги извалка рацете изгледа како да ужива во сето ова
.

Овој расадник е
наменет за возрасни лица кои имаат потешкотии при учењето, па Вејн Руни ќе
треба да им помага и на нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани