Напаѓачот вчера
го матираше Мораеш и помогна Евертон да се избори за бод на тешкото гостување.
По крајот на
натпреварот, Вејн Руни не заборави да ги пецне „Граѓаните“, кои до вчера му беа
лут градски ривал, и порача дека со голот е среќна црвената половина на
Манчестер.
Англичанецот
потоа се огласи и на социјалните мрежи, каде објави слика на која тој се радува
на погодокот а фановите на Сити го навредуваат, и напиша: „Секогаш е убаво да
се видат неколку познати ликови”.
Always nice to see a few familiar faces pic.twitter.com/pr15fYfG7q
— Wayne Rooney (@WayneRooney) August 21, 2017
Многумина ова го
протолкуваа како провокација на Вејн Руни до навивачите, но на крајот
испадна дека тоа не е шега.
ЕСПН се врати
неколку години наназад односно на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер
јунајтед во декември 2012.
Тогаш Вејн Руни
погоди за 0-2, а фоторепортерите ја уловиле прославата на напаѓачот од сличен
агол .
Кога ќе се
споредат двете слики, може да се забележи дека навистина има исти ликови, татко
и син и еден возрасен човек.
По сторијата на
ЕСПН, на социјалните мрежи почнаа да се прават дополнителни споредби помеѓу
двете слики, па се најдоа уште неколку исти ликови.