Руни му откина два бода на Сити па порача: Сигурен сум дека црвената половина на Манчестер е среќна!

by
1 минути читање

Англичанецот по 13
години поминати во Манчестер јунајтед ова лето се врати на Гудисон Парк и игра
како препороден.

Вејн Руни погоди
на стартот од новата сезона во Премиерлигата за победа од 1-0 над Стоук, а вечерва одново го матираше
Манчестер Сити и помогна Евертон да обезбеди 1-1 на Етихад.

„Црвените ѓаволи“
се уште му се при срце на напаѓачот, па тој не пропушти да ги пецне „Граѓаните“
кои до вчера му беа лут градски ривал.

„Убаво е тоа што
постигнав гол на Етихад поради мојата историја со Манчестер јунајтед
– вели Руни.

„Мислам дека
црвената половина на Манчестер е среќна и ужива во голот
!”

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани