Вејн Руни е
во фокусот на вниманието на Островот, а тамошните медиуми се присетуваат на
мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Евертон во 2003. година, кога во редовите на
гостинската екипа за мечот на „Олд Трафорд“ се најде и тогаш 18 годишниот Вејн
Руни, тоа воедно беше неговата прва „средба“ на теренот со Роналдо, кој во тоа време играше за Црвените ѓаволи.
Домаќините
славеа со 3-2, а интересен беше дуелот помеѓу Роналдо и Руни на тој меч кој се
одигра на „Боксинг Деј“. Тогаш Роналдо беше во неколку ситуации „покосен“ од фудбалерите во гостинскиот табор, а меѓудругото и самиот Руни.
Вреди да се
издвои и фактот што Руни дури беше и санкциониран при еден прекршок над Роналдо, а
истиот не беше баш „пријатен“ од тогашниот и сегашен член на Евертон.
Руни мина 70 минути на теренот а само девет месеци по таа средба тој се пресели во Манчестер јунајтед за
сума од 25.6 милиони фунти, останатото е историја… Руни постигна 253 погодоци
во 559 настапи за тимот од „Олд Трафорд“, освојувајќи пет титули во
Премиерлигата, три Лига Купа, а притоа го подигна трофејот и во ФА Купот, Лигата на шампионите, Лига Европа и
Светското
клупско првенство.
Претстојниов
викенд, после цели 14 години Руни повторно ќе биде од спротивната страна во
однос на Манчестер јунајтед, кој на домашен терен в’ недела го пречекува
Евертон во 5. коло од Премиерлигата.
Извор:
dailymail.co.uk