Руни до Грилиш: Можеш да си закажеш летување – на СП нема да одиш!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, во своето подкаст-шоу „Wayne Rooney Show“ порча дека според него Џек Грилиш сигурно нема да се најде на списокот за Светското првенство. Грилиш досега има 39 настапи и четири гола за Англија, но повеќе од една година не бил дел од репрезентацијата.

„Може слободно да си резервира летување, затоа што нема да биде во составот за Мундијалот“, порача Руни за 30-годишниот Грилиш.

Фудбалерот е под договор со Манчестер сити, но сезонава настапува како позајмен играч во Евертон, каде што запиша четири асистенции и постигна еден гол.

Грилиш пред четири години премина во Манчестер сити од Астон вила за огромни 117 милиони евра, сума што никогаш целосно не ја оправда. Според проценките на „Трансфермаркт“ денес неговата вредност изнесува 28 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×