Руни: 13 години спиев со пижами од Евертон

by
1 минути читање

Руни од денеска и официјално е нов фудбалер на Евертон, англиската ѕвезда се врати дома. Тој открива дека во изминатите 13 години како фудбалер на Манчестер јунајтед, по дома носел пижами од Евертон.

„Одлично е чувството. Да бидам искрен, 13 години молчев, не можев да кажам дека дома носев пижами Евертон заедно со моите деца. Не смеев да зборувам за тоа“ – вели Руни.

„Одлично е чувството повторно да го облечам овој дрес како пред 13 години и сега едвај чекам да излезам со него на теренот’.

„Гудисон отсекогаш било посебно место без мене, дури и кога сум доаѓал со противничкиот тим. Секогаш го имам тоа чувство кога излегувам од тунелот на теренот, и сега повторно кога ќе го правам тоа со дресот на Евертон ќе биде посебно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани