„Баварците“ беа елиминирани во четвртфиналето по неколку контроверзни
одлуки на реваншот на Сантијаго Бернабеу.
Артуро Видал неоправдано беше исклучен, а Реал Мадрид два гола постигна од
офсајд.
„Веројатно ќе
одам во Кардиф, имам неколку состаноци како претседател на Европската
асоцијација на клубови” – вели Карл Хајнц Румениге.
„Но нема да го
гледам финалето, раната се уште е отворена, не можам толку брзо да заборавам
што се случи”.
„Доколку одново
го погледнам целиот натпревар, се уште многу боли“.
„Победивме со 4-1
над Дортмунд и бевме во одлична форма. Но потоа се повредија Левандовски и
Хумелс”.
„Водевме со 1-0 и
промашивме пенал за 2-0. Потоа она што се случи во Мадрид, такво срамно судење
на Сантијаго Бернабеу немам видено 40 години”.
По крајот на
натпреварот во Мадрид, Румениге истакна дека Баерн бил „измамен“.
Запрашан дали го
променил мислењето, тој одговори: „Сега ќе кажам дека пет големи одлуки таа
вечер беа против Баерн ”.