Извршниот
директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге тврди дека фудбалот мора да
продолжи поради спортски и економски причини, алудирајќи на фактот што фудбалот
е посебно погоден од финансиска гледна точка поради кризата со коронавирусот.
Шампионот на Бундеслигата
продолжи со тренинзите, меѓутоа со социјална дистанца помеѓу фудбалерите, од
таму се надеваат дека се’ ќе
продолжи нормално во периодот кој претстои, во исчекување се на зелено светло
од тамошните власти за фудбалот да продолжи.
„Веќе три дена
тренираме во помали групи, ги почитуваме сите здравствени протоколи“ вели
Румениге за „Кориере дело Спорт“, а притоа додаде дека 9. мај е една од
хипотезите во Германија, односно за датум кога би можеле да продолжат
фудбалските возбудувања.
„Продолжување на
9 мај е една од хипотезите во Германија, но одлуката ќе ја донесат на крајот
властите, исто како во Италија“ додава тој.
„Мораме да се
вратиме на терените, најмногу поради две причини: првата е од спортски карактер, за да може титула
да се додели, да се дефинира кој ќе испадне а кој ќе се пресели во повисок
ранг, да се комплетираат и куповите, а втората причина е секако од економски
карактер, откако сопревме со натпревари, сега имаме голем проблем со ТВ правата,
тоа носи голем импакт во клупските каси, во исчекување сме на одобрение од властите“ заклучи Румениге.