Румениге: Ниту еден клуб не може да купи играч од Баерн Минхен ако ние не сакаме да го продадеме

by
1 минути читање

Баерн Минхен повеќе пати покажал дека не продава играчи за било каква понуда доколку тие се во плановите на тренерот. Се појавија шпекулации за заминување на Кимих и Милер, но тоа нема да се случи ако баварскиот клуб не смета дека тие не му се потребни на тимот.

„Се сложувам со Мурињо. Ниту еден клуб во светот не може да купи играч од Баерн Минхен кој има договор со нас, се додека ние не сакаме да го продадеме“ – вели Румениге.

„Мислам дека и најдобрите играчи во Германија и најдобрите фудбалери од другите земји на поинаков начин гледаат кон Баерн Минхен отколку пред шест-седум години. Три пати бевме во финалето на Лигата на шампионите од 2010 година и пет пати во полуфиналето во последните пет години“.

„Нашиот стил на игра е многу атрактивен за многу фудбалери. Плус финансиски сме конкурентни со другите големи клубови. Се на се, во изминатите години Баерн стана поинтересна опција за фудбалерите“.

„Баерн се зад Реал Мадрид на рангирањето на УЕФА, но пред Барселона, и тоа ја докажува нашата репутација во фудбалот“.

„Константно сме на врвот и мислам дека само Реал Мадрид е пред нас како фудбалски бренд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани