Ругани вели дека го изгледал речиси цел Нетфликс и препорача филм

by
1 минути читање

Даниеле Ругани беше првиот заразен фудбалер со коронавирус од најсилните лиги. Брзо потоа на позитивни тестови се покажаа и други фудбалери во Серија А.

„Добар сум, добар бев периодов. Не сум имал толку силни симптоми колку што можете да прочитате во вестите. Имав среќа и покрај тоа што ова беше удар бидејќи бев првиот фудбалер позитивен на коронавирусот. Се надевам дека ќе послужи за свесноста на луѓето да биде поголема“, вели Ругани.

„Им благодарам на сите за поддршката и пораките кои ги примив. Добар сум. Ќе ја пребродиме оваа ситуација“.

Запрашан како ги поминува деновите во изолација, Ругани изјави:

„Речиси го завршив целиот Нетфликс! Го препорачувам ‘The Invisible Guest’, тоа трилер кој не трае долго и не е толку сериозен. Исто така прифаќам препораки од вас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×