279
Даниеле Ругани е првиот фудбалер од најдобрите лиги кој е позитивен на коронавирусот кој владее во светот.
Дефанзивецот на Јувентус преку својот инстаграм профил се јави со првата изјава:
„Ги прочитавте вестите па сакам да ги уверам сите кои се загрижени за мене дека сум добар. Во моментов чувствувам уште поголема должност да им се заблагодарам на сите доктори и сестри кои се борат во болниците да се справат со оваа криза. Ги повикувам сите да ги почитуваат правилата, бидејќи овој вирус не бира! Ајде да го направиме тоа за себе, за нашите најблиски и за оние колу нас. Ви благодарам“, напиша Ругани за својот инстаграм профил.