Јувентус потврди
дека Даниеле Ругани и Блес Матуиди се рехабилитираа од коронавирусот, обајцата
беа позитивни на тестовите претходниот месец, а Ругани беше првиот фудбалер во
„Серија А“ кој беше инфициран од заразата Ковид-19.
Утрово, од
Јувентус се одзваа преку соопштение до јавноста во кое наведоа ја потврдија
веста, а со тоа посочија и дека Ругани и Матуиди сега ќе имаат послободен режим
на движење.
„Даниеле Ругани и
Блес Матуиди беа подложни на одреден протокол, двојна проверка со дијагностички
тестови за коронавирусот Ковид-19, тестовите беа негативни, фудбалерите се
рехабилитирани и повеќе не се во режим на домашна изолација“ велат од „Старата дама“.
Се чини дека кон
целосна рехабилитација во одлично темпо се движи и Пауло Дибала, се шпекулира
дека Аргентинецот веќе се здобил со таков статус, но се чека на официјална
потврда од Јувентус.