Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер вели дека Кун Агуеро е најдобриот напаѓач против кого играл, но само затоа што Лео Меси и Кристијано Роналдо биле од друга планета.
Антонио Рудигер даде интервју за „Инсајд Скуп“ и говореше за вечната дебата, кој е подобар, дали Кристијано Роналдо или Лео Меси?
„Не ми се допаѓа дебатава“ – вели Германецот.
„Имам играно против двајцата, и лично според мене, Лео Меси поради талентот веројатно е најдобар на сите времиња, тоа е моето мислење“.
„Но Кристијано Роналдо, она што се има освоено и бројките кои ги оствари, головите кои ги постигна, гладот да се надигрува и гладот за успех… тоа значи дека двајцата се еден до друг. Морам двајцата да ги почитувам на ист начин. Мислам дека не е фер да ставам еден пред друг“.
На прашањето кој е најдобриот напаѓач против кого играл, Ридигер вели: „Напаѓачот кој ми создаваше најмногу главобола беше Кун Агуеро. Ми беше многу тешко кога играв против него. Можам да кажам Меси или Роналдо, но тие се од друга планета, па одбирам некој од обичните луѓе“.