Рудигер изнуди црвен картон на Сон, тоа го навлече гневот на домашните фанови, а некои од нив на примитивен начин го искажаа револтот, со расистички навреди кон фудбалерот на Челси.
„Навистина е тажно да се види расизмот повторно на фудбалски натпревар, но мислам дека е многу важно да се зборува за тоа јавно. Доколку не се зборува, ќе се заборави повторно за неколку дена како и секогаш“, вели Рудигер.
„Не сакам да го инволвирам Тотнем како цел клуб во оваа ситуација, знам дека за ова се виновни само неколку идиоти. Добив многу пораки на поддршка на социјалните медиуми од фанови на Спарс, им благодарам за тоа“.
„Навистина се надевам дека тие кои навредуваа ќе бидат најдени и казнети наскоро, на ваков модерен стадион каков што има Тотнем со многу ТВ и безбедносни камери, мора да може да е најдат и соодветно да се казнат“.
„Доколку не, тогаш мора да има сведоци на стадионот кои го виделе и слушнале инцидентот. Едноставно срамота е расизмот да пости во 2019. Кога ова ќе престане?“.