Рубен Невеш збесна по скандалозната фотографија со сопругата на починатиот Диого Жота (ФОТО)

by bojan
2 минути читање

Рубен Невеш бурно реагираше откако се најде на насловната страна на магазинот ТВГ, на фотографијата покрај него беше сопругата на починатиот Диого Жота, и сугестија дека тој е во романтична врска со вдовицата на неговиот најдобар пријател.

Рубен Невеш беше многу близок со Диого Жота, двајцата играа заедно во Порто, Вулверхемптон и репрезентацијата на Португалија.

Фудбалерот на Ал Хилал експресно се врати од САД за да го носи ковчегот на трагично загинатиот Диого Жота, потоа го побара дресот со број 21 во националниот тим, а му посвети и тетоважа –  на левата нога, двајцата се во пријателска прегратка.

Но Рубен Невеш збесна откако се најде на насловната страна на магазинот ТВГ, кој сугерираше дека можеби има и нешто повеќе од пријателство помеѓу него и сопругата на починатиот Диого Жота.

„Рубен Невеш и Руте. Обединети после смртта. Како вдовицата на Диого Жота се наслонува на најдобриот пријател“ – гласеше пораката заедно со фотографија на која се чини дека Рубен Невеш и Руте Кардосо се бакнуваат.

„Добар ден. Јас секогаш верувам во добрината кај луѓето. Ме предупредувале да не бидам наивен, а сум грешел и претходно. Никогаш не посакувам зло на никого, но лицето кое ја постави оваа фотографија на насловната страница не заслужува да биде среќно, исто како што ни изборот на фотографијата не е беше добар“ – напиша Рубен Невеш на социјалните мрежи.

„Мојата сопруга, Дебора Лоуренсо, и јас сме заедно повеќе од 11 години, среќни, со семејство на кое сум горд, и за тие 11 години никогаш не сме биле вмешани во никаква контроверзија“.

Секогаш сме давале сè од себе за да ѝ помогнеме на Руте и нејзиното семејство на најдобар можен начин. Изборот на оваа фотографија е исто толку несреќен колку и лицето што ја одбра, како и лицето што ја објави.“

„Го почитувам тоа што секој си ја работи својата работа, го почитувам тоа што сите се обидуваат да дадат максимум, но не ги почитувам оние што не ги почитуваат другите“.

Повторно ќе кажам – горд сум на сопругата што ја имам, на семејството што го имам. Горди сме на Руте, за силата што ја покажа. Тука сме за сè што ѝ треба, таа тоа го знае. Благодарам.“

ФОТО: X/Portugal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×