Медиумите не трошат време и веднаш почнаа со шпекулации за тоа кои засилувања би можеле да пристигнат во Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, последните информации велат дека Рубен Аморим го сака Квича Кварацхелија.
Минатата недела, Манчестер јунајтед го потврди Рубен Аморим за наследник на Ерик тен Хаг на тренерското столче.
Младиот стратег ќе ја почне својата авантура на Олд Трафорд на 11. ноември, и сите со нетрпение чекаат да видат какви промени ќе донесе тој.
Исто така често се шпекулира кои засилувања би можеле да пристигнат во Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, а последните информации велат дека Рубен Аморим го сака Квича Кварацхелија.
Фудбалерот од Грузија блесна на фудбалската сцена во дресот на Наполи и го привлече вниманието на многу клубови.
Неговата цена е преку 100 милиони евра, „наполитанците“ минатото лето веќе одбија богата понуда од ПСЖ.