Розенборг не го потценува Вардар, ветува напаѓачка игра од првата минута

by
0 минути читање

Вардар утре го игра вториот натпревар од Лига Европа, му гостува на Розенборг во Норвешка.

Ингебритсен е претпазлив во изјавите, на своите навивачи им ветува офанзивен фудбал во текот на целиот меч.

„Вардар не е лесен противник. Ги победија Малме и Фенербахче, па не очекува тежок натпревар. Ние сме подготвени. На навивачите можам да им ветам дека ќе нападнеме од самиот почеток, ќе играме офанзивно. Ќе направиме се за да ги освоиме трите бода“ – изјави тренерот Ингебритсен.

Натпреварот помеѓу Розенборг и Вардар се игра утре (четврток) со почеток од 19 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани