Њукасл ја искористи ситуацијата во Тотнем со бекот Дени Роуз, па така брзо издејствуваа да го ангажираат на позајмица, а 29 годишниот фудбалер тврди дека не добил прилика за докажување од Жозе Мурињо како што тоа го добиле останатите од таа екипа.
„Чувствувам дека не добив вистинска шанса за докажување како што останатите имаа таква прилика“ изјави Роуз за „ББЦ Радио 5 Лајф“.
„Јас сакав да играм под неговото кормилот, меѓутоа откако помина период од месец дена по неговото доаѓање во клубот, знаев дека никогаш нема да играм, тешко ми беше да тренирам, а истовремено да знам дека нема да играм“ додава Роуз во изјавата.
„Имам голема почит кон него како тренер, како особа, истовремено го почитувам тоа што го прави во клубот, пред да дојде Тотнем заостануваше цели 12 бода зад Челси (моментално четврти на табелата), сега разликата изнесува само четири бода“ заклучи бекот кој имаше само пет настапи под кормилото на Мурињо.