Роуз и порача на управата на Тотенхем: Потребни ни се вистински засилувања, не мора да ги бараме на Гугл!

by
2 минути читање

Тотенхем летово
го продаде едниот бек, Кајл Вокер, и тоа на Манчестер Сити, но сигурно дека не
сакаат ниту да слушнат да останат без оној на другата страна, Дени Роуз, за
кого се шпекулира дека Челси и Манчестер јунајтед се подготвени да издвојат
фантастични 60 милиони евра.

Роуз кој инаку се
рехабилитира од повреда, испрати порака до раководството на Тотенхем да го
засили тимот со адекватни фудбалери кои би можеле да парираат на посилните во
Премиерлигата, а а не играчи кои треба да ги бараат на Гугл.

Ние сме сега
инфериорни во однос на Јунајтед и Сити, тие приказни за тоа како не ни треба
никој бидејќи ние сме биле квалитетни, немаат смисла. Тотенхем не може да
доведе некои фудбалери за кои треба да гугламе кои се, туку потребни ни се
вистински засилувања
“ истакна Роуз, кој притоа додаде дека еден ден ќе игра во
голем клуб, доколку дојде понуда за тоа, засега ги негираше шпекулациите
поврзани со него.

Бекот на Тотенхем
истовремено се пожали и дека заработува малку во однос на тоа како заработуваат
фудбалерите од ривалите во Премиерлигата, оние во водечката четворка се
разбира, па ако се земе во предвид дека тимот од Лондон има одлични настапи во
најсилниот фудбалски шампионат во светот, можеби неговата разочараност е
оправдана.

Фудбалскиот
трансфер пазар е чуден понекогаш, заработуваат големите на одличната работа на
клубови кои се рангираат како „понеатрактивни“, тука се разбира голема улога
игра бројката на навивачи на самиот клуб, историјатот и така натаму, а сето тоа
придонесува за огромен маркетинг во кој ќаруваат поголемите клубови.

Во прилог би
можеле да ја видите неделната заработка на предводниците на вицепрвакот на
Англија, во однос на фудбалери кои настапуваат на исти позиции но во други клубови
од Премиерлигата кои завршија неколку места подоле зад Тотенхем, или пак шампионот Челси, односно Манчестер Сити кој лани заврши на третото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани