Калчолигашот од Милано
досега ги договори Мусакио, Кеси, Родригез, Силва, Борини и Чалханоглу, но утре
го добива и 23 годишниот десен бек од редовите на Аталанта, Андреа Конти.
Конти имаше
фантастична сезона зад себе во тимот од Бергамо, па на тој начин го привлече вниманието
на поголемите клубови од Италија, но за него има само еден клуб кој се наоѓа
во неговото срце, тоа е Милан.
Познато е дека раководството на Милан правеше крајни напори во разговорите со челниците на
Аталанта, подолг период не можеше да најде заеднички јазик со нив околу Конти,
но се чини дека веќе е се договорено.
„Тутоспорт“
пренесува дека постигнат е финален договор околу овој трансфер, Конти утре
пристигнува во Милано на медицински прегледи, веднаш потоа ќе стави и потпис на
договор со Милан кој за овој трансфер ќе издвои 24 милиони евра.
„Момчето донесе
одлука, го сака само Милан, Аталанта мора да разбере дека нема друга опција
освен да седне на маса со Милан“ изјави минатиот месец, агентот на Конти, Марио
Џуфреди.