286
Милан се сопна и со третата екипа која лани игарше во Серија Б и третпат не победи на „Сан Сиро“. Домашната екипа се врати од негатива и поведе, а на крајот мораше да се задоволи со бод (2-2).
Сепак, „росонерите“ негодуваат за еден од двата поништени голови. Ако при првиот на Адриен Рабио офсајдот беше евидентен, вториот на Кристијан Пулишиќ беше поништен во нејасни околности.
Судиите ја збунија и публиката на „Сан Сиро“, но и гледачите пред малите екрани, а дури подоцна стана јасно дека се работи за прекршок од Рубен Лофтус Чик. Сепак, контактот на Англичанецот со противничкиот играч е толку минимален што се поставува прашањето дали одлуката беше коректна.