Роси повеќе е повреден отколку што игра, нови седум месеци пауза за напаѓачот

by
0 минути читање

Напаѓачот на Селта, Џузепе Роси пред време го заврши дуелот со Еибар, мораше од игра да излезе уште во првото полувреме.

Серијата тестови покажала дека треба да му биде извршена операција на лигаментите, по што ќе паузира од шест до седум месеци.

Роси мака мачи со повреди низ текот на кариерата, во изминатите години имаше неколку операции на десното колено.

Тој е член на Фиорентина, но на позајмица игра за Селта оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани