Росениор се спореди со Гвардиола и Клоп!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Челси, Лиам Росениор не испорачува резултати, но постојано има високо мислење за себе и полн е со самодоверба и покрај сите порази кои ги доживеа со сините.

Челси во последните шест натпревари има дури пет порази и победа само против Порт Вејл во клубот. Четири од петте порази се со три голови разлика.

Раководството на Челси на Росениор му даде шест и пол годинишен договор. Сите се чудеа на таквата „великодушност“ на клубот ако се знае дека минатото на овој тренер е само отказ од Хал во Чемпионшип и седмо место со Стразбур во Франција.

Тоа што многумина го предвидуваа, се остварува, Росениор не може да води голем клуб, но стратегот знае да зборува на прес-конференциите, но нејасно од каде ја црпи самодовербата кога резултати нема.

„Дури Пеп Гвардиола и Јирген Клоп имаа цела година да ги решат работите. Јас дојдов во јануари, но знам дека треба да победуваме“, рече Росениор.

„Уверен сум дека за некое време ќе креираме нешто многу посебно тука“.

„Имавме добра конверзација со клубот минатата недела во врска со летниот преоден рок, што ни е потребно да донесеме“.

Челси во овој момент е на шестата позиција со четири бодови заостанување зад петтиот Ливерпул. До крајот на сезоната има уште шест кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×